Има 51 година и извајано тело: поранешната членка на Spice Girl изгледа брутално во бикини

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група Spice Girls, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.

Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.

Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.

Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.

Scroll to Top