Познатата спортска двојка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го привлекоа вниманието и на германската и на јавноста во регионот кога ја започнаа својата љубовна приказна. Сега, многумина останаа шокирани од веста дека изгледа дека нивниот брак не функционира добро и дека најверојатно се разведуваат.
Германскиот фудбалер пред Ана ја сакаше познатата манекенка Сара Бранднер, седум години беа во врска, а кога сите очекуваа свадбени ѕвона, Швајнштајгер беше фотографиран како се држи за рака со Ана Ивановиќ.
Како започна нивната љубовна приказна?
За ова зборуваше дури и српскиот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ во интервју за германски Билд.
„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, ги запозна мојата ќерка Ивана, нека се сакаат и нека се држат за рака“, изјави Кари.
Очигледно нивната прва средба не поминала баш според очекувањата, токму поради тоа што Бастијан бил во среќна врска, но на крајот не можел да одолее на шармот на убавата Србинка.
Германските медиуми на почетокот на нивната врска не и приредија баш љубезен пречек на српската тенисерка, со оглед на тоа што Бастијан и Сара важеа за еден од најомилените парови во таа земја. Тие напишаа дека Ана му ја раскинала врската, но набрзо се предомислија и се заљубија во познатата тенисерка која веќе му стана сопруга на Бастијан.
Тие организираа венчавка од бајките во Венеција, токму таму каде што Џорџ Клуни го кажа судбоносното „да“, а нивната церемонија беше покриена од повеќе од 200 медиуми.
За нивната брачна ноќ тие резервираа луксузен апартман наречен „Alcova Tiepolo Suite“, кој чини 4.950 евра од ноќ.
Ана пред Бастијан имаше интересен љубовен живот, а ја поврзуваа со неколку големи ѕвезди.
Таа наводно прво била со тенисерот Томи Робредо, а потоа го оставила за Фернандо Вердаско, исто така тенисер, но и таа врска не траела.
Ана ја поврзуваа и со голферот Адам Скот, но и со Марко Стилитано.
Веста за потенцијален развод сега шокираше многумина, бидејќи тие двајца со години се еден од најхармоничните парови на јавната сцена.