Ако ви е тешко на работа, Меган Маркл има решение за вас

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ги повика жените кои се соочуваат со исцрпеност на работа да „бидат храбри и да побараат помош“ во најновата епизода од нејзиниот поткаст Confessions of a Female Founder. Зборувајќи со нејзината пријателка Решма Сауџани, основач на организацијата Girls Who Code, 43-годишната Меган ја истакна важноста да се стави сопственото здравје на прво место.

„Храброста што ѝ е потребна на една жена-основач, кога е на тоа патување, во таа секојдневна борба и кога поставува одредени очекувања… Храброста што е потребна за да се каже „ми треба помош“ или „ми треба пауза“ е огромна“, рече Меган.

Меган додаде дека „нема шанси да продолжите да бидете пример за младите жени ако тоа не го правите со целосна автентичност бидејќи сте блиску до изгорување“. Таа потоа цитираше дело од книгата за деца „Момчето, кртот, лисицата и коњот“.

„Цитатот гласи: „Која е најхрабрата работа што некогаш сте ја кажале?“, го праша момчето. „Помош“, рече коњот.

Поради оваа изјава Меган е мета на потсмевни коментари со оглед на тоа дека на некој исто толку привилегиран како неа му е многу полесно да побара помош или да се одмори од работа. За повеќето „обични“ луѓе, живеат од плата до плата, идејата за пауза е речиси незамислива.

Scroll to Top