Деми Мур за разочарување поради загубата на Оскарот: „Ќе беше прекрасно да победев“

Актерката Деми Мур (62) конечно откри како навистина се чувствувала откако го пропуштила Оскарот за најдобра женска улога оваа година, пишува Дејли Мејл. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи Оскарот наместо неа и припадна на актерката Мајки Медисон.

„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.

Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала дека 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.

За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откако Ема Стоун го прочита името на победникот.

„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во се што ќе се случи“, изјави Мур.

Scroll to Top