Џенифер Анистон: Имам ужасен страв од летање, морав да одам на хипноза

Џенифер Анистон во текот на нејзината кариера мораше да патува на еден куп различни дестинации ширум светот. Но, изгледа дека не и било баш пријатно со тоа, бидејќи во интервју за Travel + Leisure откри дека има огромен страв од летање.

Поради овој страв, развила малку необична рутина – прво го допирала авионот со десната дланка, а потоа со десната нога ќе стапнела по скалите. Помош нашла во хипнозата: „Во последно време одам на хипноза, а едно од барањата е да се ослободам од овие суеверија“.

„Веќе не го правам тоа со десната рака и нога – и сега се чувствувам изненадувачки добро!“, додаде таа. Таа го поминува времето за време на долгите летови со медитација, а редовно станува и прави кратка прошетка за да се истегне.

Открила и една навика на која сè уште работи, а тоа е да пакува премногу работи. Таа се пошегува дека на пријателите им прави услуга со тоа што им дозволува да позајмуваат работи од неа.

Scroll to Top