„Ова е директна навреда за исламот“: настапот на Џенифер Лопез во близина на Мека предизвика бес

Џенифер Лопез настапи во Џеда на настан во рамките на Големата награда на Саудиска Арабија, но нејзиниот концерт наиде на големи критики бидејќи се одржа на само 80 километри од Мека.

Во пресрет на квалификациите за трката во Формула 1, Лопез на последниот тренинг се појави во впечатлив розов комбинезон и очила за сонце во иста боја.

Нејзиниот моден избор привлече внимание исто како и вечерниот настап кој изобилуваше со енергија и познати хитови.

За време на нејзиниот настап на патеката Jeddah Corniche, таа изведе некои од нејзините најпознати песни, меѓу кои и On the Floor, Let’s Get Loud, I’m Into You и Ain’t Your Mama.

Концертот беше дел од поголемата програма која собра голем број меѓународни и регионални изведувачи, меѓу кои Ашер, Мејџор Лазер, Пеги Гоу и арапските музичари Марван Пабло, Хишам Абас, Мостафа Амар и Хамид Ел-Шаери.

И покрај разновидната програма, настапот на Џенифер Лопез наиде на бран критики на социјалните мрежи. Многумина истакнаа дека концертот се одржал премногу блиску до Мека и го нарекоа „срамен“ и „директна навреда на исламот“.

Верските водачи и коментатори го осудија одржувањето на забавни настани од овој тип во близина на најсветите места на исламот, укажувајќи на несоодветноста на танцувањето и облеката.

„Да се ​​одржува концерт со танцување и облека што открива, толку блиску до Мека е крајно непочитување. Саудиска Арабија мора да запомни дека ги чува најсветите места на исламот“, велат корисниците на социјалната мрежа Икс.

Scroll to Top