(Видео) Една вежба за целото тело: заборавете на планк и подгответе се за мечкино лазење

Иако „планк“ се смета за една од најефикасните вежби, треба да го вклучите и „мечкино лазење“ во вашата фитнес рутина. Еве зошто.

Според тренерот и нутриционист Алекси Кларк, оваа вежба не само што ги зајакнува стомачните мускули, туку го зајакнува и целото тело.

„Ако сакате да изградите сила, да ја подобрите подвижноста и стабилноста на телото или едноставно сакате да го забрзате срцевиот ритам, оваа вежба е корисна за сето тоа“, рече таа.

„Bear crawl“ е динамична вежба за целото тело која ги ангажира и зајакнува главните мускулни групи.

Освен што силно ги активира абдоминалните мускули, оваа вежба ги зајакнува глутеалните, квадрицепсните и тетивите, а претставува и предизвик за мускулите на градите, горниот дел од грбот и рамената.

Бидејќи ова е напорна вежба, ќе почувствувате како ви се забрзува отчукувањата на срцето додека ја изведувате.

Исто така, ова е вежба со мало оптоварување на зглобовите, а во исто време ја подобрува подвижноста и ја зајакнува стабилноста на телото.

„Bear crawl“ е вежба што е достапна за повеќето рекреативни спортисти. Не бара опрема и може да се изведува насекаде, како дел од загревање или како самостојна вежба.

Покрај тоа, оваа вежба дополнително развива моторни вештини, рамнотежа и ментален фокус.

Scroll to Top