Дејвид Бекам наполни 50 години на 2 мај. По овој повод, тој организираше голема прослава во лондонскиот ресторан „Кор“. Тој покани голем број познати личности на забавата, меѓу кои и актерката Ева Лонгорија (50).
Ева пристигна на прославата во придружба на нејзиниот сопруг, мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон (57). Актерката блескаше во светло син сатенски фустан, додека Хозе носеше класично црно одело. Ова беше едно од нивните ретки заеднички јавни појавувања.
Ева Лонгорија и Хозе Бастон се запознаа во 2013 година преку заеднички пријател. Две години подоцна, Хозе ѝ предложил брак на актерката на патување во Дубаи, а тие се венчале на 21 мај 2016 година.
Церемонијата се одржала во градината на вилата на Бастон, а меѓу гостите биле Викторија и Дејвид Бекам, Кејти Пери, Пенелопе Круз и Рики Мартин. Венчаницата на Лонгорија беше дизајнирана од Викторија Бекам, која со актерката е долги години пријателка.