Српскиот пејач Дарко Лазиќ денес го слави Ѓурѓовден. Сè е подготвено за голема прослава во куќата на пејачот.
„Нека им е среќна слава на сите што слават и нека ни даде Бог здравје и љубов“ – напиша Лазиќ на Инстаграм.
Семејството Лазиќ изминатите неколку дена се подготвуваат за средување на својот дом, за што зборуваше партнерот на мајката на Лазиќ, Бранка, Драган Пауновиќ.
„Бранка е дома, ја подготвува славата. Јас не се мешам во подготовките, тоа е нивно семејство, но го почитувам и ценам сето тоа. Роден сум во Холандија, не ги разбирам сите празници баш најдобро, но знам дека Ѓурѓовден е голема слава. Го слават на голем начин, ќе има многу гости во Брестач, рече Драган и додаде дека е весело кога семејството се собира:
„Дарко секогаш пее, секогаш е весел. Немавме премногу собири, бидејќи сум во Австрија и Холандија, но кога се собираме секогаш е весело. Дарко и јас никогаш немавме проблем. Тој е добар домаќин и секоја пофалба за него и неговото семејство“.