Со венци во форма на дресови соиграчите од Ливерпул се простија од Диого Жота и Андре Силва

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.

Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.

Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.

Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

ФОТО: ЕПА

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Scroll to Top