(Видео) Жена која изгледа добро во сè, дури и во ова: Меланија ги замени скапите потпетици со култните патики „од улица“

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, минатата недела ги посети погодените од поплавите подрачја во Тексас со својот сопруг Доналд Трамп, а за оваа пригода, таа воодушеви со лежерна облека, за прв пат досега.

Првата дама носеше лежерна, но многу внимателно комбинирана облека која е совршено прилега и сосема различна од гламурозните изданија во кои обично ја гледаме. Преовладуваа земјени тонови, кои се „ин“ оваа сезона, а нејзините обувки привлекоа најголемо внимание.

Овој пат, таа ги замени скапите, елегантни потпетици со „секојдневни“ и омилени, култни патики во маслинесто зелена боја што ги гледаме насекаде оваа сезона. Ова се патиките Converse Chuck Taylor, кои веќе се легендарни и кои со задоволство ги комбинираме со секаков стил.

Патиките совршено го надополнуваа остатокот од облеката на Меланија, која се состоеше од тесна беж јакна што ја истакнуваше нејзината фигура, маслинесто зелени карго панталони што ги истакнуваа нејзините витки нозе и едноставна маичка во истата нијанса.

За да го направи аутфитот уште полежерен и модерен, Меланија носеше црн качкет кој, како и сè друго, совршено ѝ стоеше, па овој пат без сомнение докажа дека може совршено да изведе секоја модна комбинација.

Scroll to Top