Се омажи ќерката на Стив Џобс: Свадбата чинеше повеќе од 6 милиони долари

Ив Џобс се омажи за Хенри Чарлс, нејзината свадба чинеше повеќе од шест милиони долари, а самата церемонија предизвика бројни реакции.

Ќерката на Стив Џобс, Ив, се омажи за олимпискиот шампион во коњички спорт Хенри Чарлс. Се претпоставува дека целата свадба чинела 6,7 милиони долари, и се смета за една од најлуксузните и најгламурозните свадби во денешницата.

Како што објавува Дејли Меил, сите блескаа во прекрасни фустани и одела, додека невестата задоцни околу половина час на самата церемонија.

Меѓу гостите беше и Џесика Спрингстин, ќерката на славниот Брус Спрингстин.

Со оглед на тоа што самата церемонија и прослава беа организирани во мало англиско село, сè беше блокирано и „превртено наопаку“ поради познатите гости.

Црквата беше затворена три дена претходно, а тоа предизвика негодување кај локалното население, како и гнев.

Ив и Чарлс официјално ја потврдија својата врска минатата година за време на Олимписките игри во Париз, каде што Анри освои злато.

„Тимско злато. Толку сум горда на тебе, љубов моја“, напиша таа во описот на објавата.

Како што беше наведено претходно, двојката е во врска од 2022 година, меѓутоа, официјалниот почеток на нивната романса не е познат, тие успеаја да ја сокријат од сите.

Scroll to Top