(Фото) Позната актерка му предложи брак на партнерот

Бела Торн предизвика мешани реакции на социјалните мрежи откако му предложи брак на својот партнер.

Актерката Бела Торн, која е позната по своите цврсти ставови, неодамна предизвика вистинска возбуда на мрежите.

Таа му предложи брак на својот партнер, филмскиот и телевизиски продуцент Марк Имс, само две години откако тој ја запроси.

Таа објави фотографии и видео од настанот на Инстаграм со емотивен опис:

„Пред три години се запознавме, една година подоцна тој ми предложи брак, а сега, една година подоцна, и јас“, напиша таа.

Како што можете да видите, Бела клекнува пред Емс, додека му дава прстен во кутија. Романтичната атмосфера ја надополни со свеќи и цветни декорации.

Објавата предизвика бројни реакции, а Бела мораше да се огласи веќе следниот ден.

„Коментарите на мојата објава се смешни! Целосно поделени – половина од вас се расположени „нема да ги нормализираме жените што просат мажи“, додека другата половина се „да, женска моќ, ова е најслаткото“, рече Бела.

Scroll to Top