Секоја промена на вашите гради може да биде знак за рак, па ако забележите нешто, не одложувајте одење на лекар.
За многумина од нас, нашите гради се едноставно таму, поради што често ги игнорираме. Сепак, важно е да се грижите за нив и да ги следите сите промени што ќе ги забележите. Ова е единствениот начин секогаш да бидете еден чекор понапред кога станува збор за вашето здравје.
Грутка во дојка
Мека маса што се движи под кожата најверојатно е циста исполнета со течност. Ако грутката е цврста, може да биде бенигна, но сепак треба да се консултирате со вашиот лекар.
Осип на вашите брадавици
Траги од каснување, црвенило или осипи што не исчезнуваат по неколку недели може да бидат знак за некоја форма на рак на дојка.
Набрчкана кожа на вашите гради
Ако ткивото се набрчка како кора од портокал, тоа може да биде знак за блокирани лимфни јазли, што укажува на воспалителен рак на дојка.
Бенка или белег што ја менува бојата или обликот
Ракот на кожата најчесто се јавува на нозете, но градите исто така можат да бидат цел на оваа болест. Обрнете внимание на асиметриите, неправилните рабови на бенката, варијациите во бојата и дали таа расте и се шири.
Покрај редовните прегледи на градите што ги правите сами, не заборавајте да го потсетите вашиот гинеколог да ги прегледа и вашите гради кога одите на годишен преглед!