Дијамант во безвременски стил – Тејлор Свифт се сврши со прстен што сите ќе го посакаат

По месеци шпекулации и многу објавени романси, Тејлор Свифт и Тревис Келс вчера официјално ја потврдија својата свршувачка. Популарниот пар, кој ги спои светот на музиката и американскиот фудбал, ја сподели среќната вест на Инстаграм, а нивната објава со фотографии и хумористичен натпис „вашата професорка по англиски јазик и вашио професор по физичко се венчаваат“ го запали интернетот, собирајќи повеќе од милион лајкови за само пет минути.

Прстенот на Тејлор Свифт, изработен по нарачка со дијамант на прстен од жолто злато од Artifex Fine Jewelry, го одразува нејзиниот безвременски, но препознатлив стил. Дизајниран е од Kindred Lubeck, и е таканаречен прстен со стар крој.

Даниела Тарантино, потпретседател на James Allen and Blue Nile, го опиша импресивниот накит за Who What Wear: „Прекрасниот прстен на Тејлор Свифт веројатно е направен само за неа, но на прв поглед наликува на издолжен крој со перниче“. Тарантино проценува дека дијамантот е помеѓу 10 и 15 карати, а вредноста на прстенот е помеѓу 750.000 и 1 милион долари.

Дизајнерката на накит од Њујорк, Стеф Мазуера, се согласува. „Прстенот на Тејлор веднаш се издвојува; тој е смел, инспириран од винтиџ и целосно во согласност со нејзиниот стил.“ Таа додава: „Прстенот е широк, се шири кон дијамантот и изгледа како да има рачно изработени детали.“ Иако поставувањето на прстенот е раскошно, Мазуера забележува дека не е премногу, туку совршено го надополнува античкиот дијамант.

Фото: принтскрин

Scroll to Top