Германската манекенка Хајди Клум и нејзината наследничка Лени Клум веќе некое време привлекуваат внимание од јавноста – или поточно, јавен гнев – поради нивните модни кампањи.
Тие често снимаат заедно промотивни реклами за познатиот бренд за долна облека „Intimissimi“, што, според многумина, не е соодветно за нивната врска.
Сега, по којзнае кој пат, тие повторно предизвикаа лавина од коментари и осуди. Тие се појавија на Венецискиот филмски фестивал, а нивниот стил не им се допадна на модните критичари.
За да биде уште полошо, мајката и ќерката објавија фотографии од своите комбинации на Инстаграм, кои само „додадоа масло на огнот“.
Позираа на кревет и се чини дека, судејќи според коментарите, ова беше повод за бројни негативни коментари.
„Вознемирувачко“, „Ова е толку морничаво“, „Не сакам да ги видам заедно во кревет“, се само неколку.
Имаше и такви кои ги поддржаа.
„Зошто е ова чудно, не гледам проблем?“, „Тоа се само мајка и ќерка кои позираат една до друга“, се зборовите на поддршка.
Фото: принтскрин