Најголемиот холивудски шармер проговори за разводот

Актерот Ченинг Тејтум отворено проговори за разводот од Џена Диван и како тој влијаел врз нивната 12-годишна ќерка, Еверли.

„Тоа е минато. Но, навистина е тешко да не ја гледаш ќерка си поголемиот дел од времето. Жалам што не можам да бидам со неа цело време“, изјави Ченинг Тејтум за Variety.

Тејтум и Диван официјално се разведоа во 2024 година, по шестгодишна правна битка. Поранешната двојка се согласи на заедничко правно и физичко старателство над Еверли.

Нивната судска битка беше долга, а една од причините беше заработката на Ченинг од филмот „Меџик Мајк“. И покрај исцрпувачката судска битка, поранешните сопружници денес се во добри односи.

„Џена и јас сега сме добро, но тоа беше болно раскинување, особено затоа што бевме толку млади. Се обидовме да ја одржиме врската, се обидувавме година и пол, но знаевме дека тоа е сè… Нема да навлегувам во сето тоа сега“, рече тој.

Ченинг и Џена почнаа да се забавуваат со други луѓе по раскинувањето. Актерот беше во врска со Зои Кравиц три години, а дури и беа верени.

Сепак, тие раскинаа минатата година. Тејтум моментално е во врска со моделот Инка Вилијамс. Диван и Стив Кази се верени од 2020 година и имаат две деца заедно.

фото: принтскрин

Scroll to Top