(Фото) Се ожени синот на Шварценегер: невестата блесна во класична бела венчаница

Актерот Патрик Шварценегер и Аби Чемпион решија да ја официјализираат својата врска и на интимна церемонија покрај езерото Кер д’Ален си се заколнаа на вечна љубов.

Свадбата беше организирана за семејството и пријателите, а според списанието „Пипл“, невестата блескаше во класична бела венчаница, додека младоженецот носеше елегантно бело сако и црни панталони.

На свадбата присуствуваа родителите на Патрик, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, сестрата Кетрин Шварценегер Прат со нејзиниот сопруг Крис Прат, како и братот Џозеф Бин. Среќната двојка беше поддржана и од родителите на Аби, Лора и Грег Чемпион.

Меѓу познатите лица на списокот на гости беа актерот Роб Лоу, како и Џејсон Исак, колегата на Патрик од популарната серија „Бел лотос“. Церемонијата се одржа на ранчот „Гозер“, кој двојката го посети неколку пати.

Романтичната врска на Патрик и Аби првпат беше откриена во септември 2015 година, а тие ја потврдија својата врска на Инстаграм во февруари 2016 година. Веста за нивната свршувачка ја објавија во декември 2023 година.

Аби Чемпион е модел која работела за големи брендови, па дури и неколку пати снимала реклами за модни брендови со своето момче.

фотo: принтскрин

Scroll to Top