Поранешните сопружници Чарли Шин и Дениз Ричардс присуствуваа на премиерата на филмот „Чарли Шин“. Актерите разменија пријателски прегратки на црвениот тепих, па дури и се фотографираа заедно за странските медиуми.
Што се однесува до нивните комбинации, Чарли одлучи да носи црно пругасто одело за пригодата, кое го комбинираше со обична бела кошула.
Од друга страна, Дениз избра комплет – широки панталони и краток топ во црна боја изработен од сјаен материјал. Стилот го комплетираше со минимална шминка, брановидна коса и најобична огрлица.
Ова е првото заедничко појавување на Чарли и Дениз по разводот. Претходно, на 1 април се сретнаа по повод нејзиното реално шоу, кога Шин гостуваше во една епизода.
Чарли и Дениз беа во брак од 2002 до 2006 година и заедно имаат две ќерки – Лола и Семи.
фото: принтскрин