Иако не е толку активна во актерскиот свет, легендарната Шерон Стоун е, навистина, вреден член на социјалните мрежи. Таа често објавува фотографии од големи настани, но и оние што ја скокоткаат имагинацијата на љубопитните набљудувачи.
Неодамна „закачи“ фотографија на Инстаграм во едноделен костим за капење и може да се каже дека кралицата на секси изданијата нема намера толку лесно да се откаже од летото и атрактивните комбинации.
Шерон гордо позираше на брод, а нејзината витка фигура, како и насмевката на нејзиното лице беа забележливи. Актерката едноставно блеска во подоцнежните години, а нејзините бројни обожаватели на мрежите го забележаа тоа.
„Прекрасна си“, „Уживај убавице“, „Толку си мила“, се само дел од коментарите…
фото: принтскрин