Принцезата од Велс Кејт Мидлтон посети училиште со својот сопруг Вилијам и во оваа прилика повторно шармираше со својот моден аутфит.
Кејт отсекогаш имала префинет моден вкус и плени на секој чекор, притоа секогаш почитувајќи ги сите кралски правила во врска со облеката. Овој пат, ни го сервира совршениот есенски стајлинг и се чини дека е најубава во ова време од годината.
Принцезата совршено го комбинираше деловниот стил со женствени детали и прошета во долг капут со рамен крој кој беше ѕвезда на целиот нејзин стајлинг.
Сè надополни со широки панталони во слична нијанса, додека носеше светло розова кошула со голема машна на врвот за да ја „разбие“ комбинацијата.
Едноставни чевли од модната куќа Хуго Бос го заокружија ова елегантно класично издание, а сè може да изгледа совршено и со некој друг избор на обувки, ако одлучите да ја копирате принцезата.
фото: принтскрин