Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак

По 19 години брак, дојде крајот на љубовта за еден од најпознатите холивудски парови, Никол Кидман и Кит Урбан.

Извор близок до парот ексклузивно за „Пипл“ откри дека парот не живеел заедно во текот на летото и дека актерката се борела да го спаси својот брак. „Таа не го сакаше тоа. Се бореше да го спаси својот брак“, рече изворот, додавајќи дека „сестрата на Никол била столб на поддршка и целото семејство Кидман се здружило за да се поддржуваат едни со други“.

Кидман дел од летото го помина снимајќи го продолжението на Practical Magic, кое заврши во септември, само неколку недели пред да биде објавена веста за разделбата. Урбан, од друга страна, го помина летото на турнеја низ Северна Америка и Австралија. Тековната серија концерти завршува во октомври.

Тие се запознаа во 2005 година
Двојката, која има две ќерки, Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14), се запозна на гала вечера во 2005 година и се венчаа следната година. Речиси две децении, тие не се двоумеа јавно да зборуваат за својата љубов и врска.

Кидман (58) претходно откри дека кантри музичарот ѝ ја посветил песната „Once in a Lifetime“ само пет месеци по нивната свадба. „Кит ми ја напиша кога првпат се венчавме“, се присети актерката. Години подоцна, во април 2024 година, таа го нарече 57-годишниот Урбан „моја љубов, моја длабока, длабока љубов“.

Scroll to Top