Александра Пријовиќ беше на приватна забава, еден месец по породувањето, а многумина коментираат дека изгледа беспрекорно.
Носеше елегантен црн костум со светкави детали и бела кошула.
Во еден момент, Александра го отпеа својот мегахит, песната „Све по старом“. Гостите веднаш почнаа да снимаат и да пеат заедно со неа.
Пријовиќ се породи на 3 септември и донесе на свет ќерка која таа и Филип Живојиновиќ ја крстија Арија.
Фото: принтскрин