(Фото) Поранешната мисица по породувањето имала криза: Не сакам да ги разубавувам работите, страшно е

Поранешната мисица Оливија Кулпо стана мајка во јули оваа година, а сега призна дека поминала низ мала криза на идентитетот по породувањето.

Оливија беше гостинка во подкастот „The Squeeze“ и зборуваше за родителството.

„Тоа е целосна промена. Без разлика дали ви се допаѓа или не, имате некој кој е физички зависен од вас, па нема да ги разубавувам работите. Страшно е“, рече Оливија.

Како што истакна, тоа можеби бил уште поголем шок за неа, со оглед на тоа што е многу амбициозна и пред да стане мајка, беше многу посветена на својата кариера.

И покрај сè, таа не би можела да направи многу без помошта на нејзиниот сопруг, а Оливија не крие дека тој е нејзината најголема поддршка.

„Многу сум благодарна што го имам мојот сопруг. Не би можела да го направам тоа без неговата поддршка, бебето има потреба од мене. Секој ден е различен и се обидувам да се опуштам затоа што времето брзо поминува“, беше искрена таа.

Оливија Кулпо и Кристијан Меккафри се заедно од 2019 година, а се венчаа на интимна церемонија во 2024 година. Моделот претходно ги изрази своите стравувања дали ќе може да основа семејство поради ендометриоза, но добрата вест дојде само девет месеци по свадбата.

фото: принтскрин

Scroll to Top