(Фото) Розова секс бомба од бајките: Кајли Џенер ја промовираше својата нова линија

Риjалити ѕвездата Кајли Џенер организираше забава за да ја промовира својата нова линија од нејзиниот бренд Kylie Cosmetics. За пригодата, таа ја избра розовата како омилена боја, а нејзината ќерка Сторми беше таму за да ѝ прави друштво.

Иако неодамна ги поздрави своите фанови со посебна серија фотографии, сега ги помести границите.

Кајли прошета на својата забава со својата ќерка Сторми и ги изненади сите со (привремена) промена на имиџот. За таа пригода, таа избра розов фустан од латекс кој ја следи линијата на нејзиното тело и совршено ги истакнува нејзините гради, па дури и ја обои косата розова.

Својата модна комбинација ја комплетираше со малку посветли чевли, а нејзините екстремно долги нокти исто така розови.

Како и обично, кога станува збор за некои настани, нејзиниот партнер, Тимоти Шаламе, беше отсутен. Веќе никому не му е јасно дали овој пар е сè уште во врска или сето тоа е само маркетиншки трик, но Кајли се забавуваше одлично без него.

фото: принтскрин

Scroll to Top