(Фото) Поранешниот сопруг на Софија Вергара ѝ предложи брак на девојката: „Луд е по неа, сака деца што е можно поскоро“

Актерот Џо Манганиело (48) се вери со својата девојка Кејтлин О’Конор (36), објави Дејли Меил. Иако имаше шпекулации за тоа, официјалната потврда пристигна дури сега.

Како што се испостави, двојката е верена четири месеци, но сè чувале во тајност.

Сега Џо решил да открие сè, па објавил заедничка фотографија под која го напишал датумот и оставил емотикон од веренички прстен.

„24 јуни 2025 година“, напиша актерот.

Манганиело и Кејтлин првпат се појавија во центарот на вниманието како потенцијален пар во 2023 година, само неколку месеци откако актерот се разведе од Софија Вергара.

Оттогаш се неразделни, а сега решиле да ја крунисаат својата љубов со брак.

Кејтлин е 18 години помлада од Софија, а го запознала Манганиело на забава.

Со оглед на тоа што Џо отсекогаш сакал деца, изворот вели дека основањето семејство е нивен приоритет, но тие исто така сакаат да се венчаат што е можно поскоро бидејќи се луди еден за друг.

Scroll to Top