Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ се појави на Неделата на модата во Ријад, каде што е придружувана од нејзиниот вереник Филипо Теста.
Бидејќи Тамара секогаш е привлечна за медиумите поради своите модни избори и шарм, ниту овој пат не остана незабележана.
Сепак, овој пат нешто друго беше многу поинтересно од самиот изглед на Тамара. Станува збор за нејзината објава во која позира со Георгина Родригез. Убавата Србинка уживаше во друштвото на вереницата на Роналдо, а за пригодата носеше едноставен бел фустан.
„Прекрасна одвнатре и однадвор“, напиша Тамара на шпански јазик во описот на видеото во кое се наоѓаат двете.
Се чини дека Тамара и Георгина станале добри пријателки, бидејќи вереницата на Роналдо коментирала на неколку нејзини објави со емотикони во облик на срце и порака за добредојде.
„Прекрасен пар“, „Две диви“, „Ве сакам двете“, „Изгледате совршено“, беа некои од коментарите од нивните обожаватели.
Неделата на модата во Ријад привлече големо внимание, и како што претходно истакна Георгина во интервју за „Сабах Ал Арабија“, таа е благодарна за можноста „да присуствува на ваков настан во таа прекрасна земја“.
фото: принтскрин






