Реалити ѕвездата, Ким Кардашијан е на чекор до исполнување на својот сон – адвокатска кариера.
Гостувајќи во емисијата The Graham Norton Show, каде што ја промовираше новата правна драма All’s Fair, 45-годишната ѕвезда потврди дека за две недели ќе биде официјално квалификувана за работа во правото.
„Се надевам дека ќе се занимавам со право. Можеби за десет години ќе се откажам од тоа да бидам Ким К. и ќе станам адвокат во судница. Тоа навистина го сакам,“ изјави таа.
Нејзиниот пат до адвокатската лиценца беше нетипичен – наместо класично студирање, од 2018 година посетува Law Office Study Program во Калифорнија, кое овозможува практична обука во адвокатска канцеларија. Во 2021 година го положи т.н. „baby bar“ испит, по три неуспешни обиди, а во мај годинава ја заврши целата програма.






