Познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ ги воодушеви своите обожаватели со емотивна објава на социјалните мрежи — по десет години врска, тој ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац.
Романтичниот момент, кој Саша го сподели со своите следбеници, предизвика лавина од позитивни коментари и честитки. Заедно со видео во кое клекнува и нуди прстен, пејачот напиша трогателна порака:
„Моја си денес, моја си утре.“
Зорана, секако, рече „да“, а видеото брзо стана вирално. Многумина им честитаа на среќниот пар, вклучувајќи ги и познатите личности од светот на забавата — Наташа Беквалац, Милица Тодоровиќ, Јелена Томашевиќ, како и бројни други пријатели и колеги од музичкиот свет.
Реакцијата на публиката, исто така, покажува дека ова е свршувачката за која се зборуваше – видеото собра илјадници лајкови, а меѓу нив беше и Новак Ѓоковиќ, кој ги поддржа Саша и Зорана со својот лајк.
Саша и Зорана се заедно десет години, а нивната врска отсекогаш била дискретна и далеку од скандали. Обожавателите со години шпекулираа кога пејачот ќе го направи овој чекор, а сега конечно пристигна потврдата за децениската љубов.
Се очекува двојката наскоро да го објави датумот на венчавката, а судејќи според коментарите, нивните обожаватели едвај чекаат тој момент.
фото: принтскрин






