Една од кандидатките за изборот за Мис на светот Чиле 2025 е мисицата на дистриктот Лас Кондес, Игнасија Фернандез (27), која ја воодушеви публиката за време на нејзиното претставување во полуфиналето.
За време на сегментот за таленти, таа отпеа песна од бендот Десесус и ја покажа својата страст кон хеви метал, а нешто што досега не е видено се случи на избор!
Со ова, таа отстапи од класичниот избор и традиционалното претставување во полуфиналето, а поради нејзината моќна изведба, автентичност и дрскост да направи нешто вакво, таа стана вирална и ги разбранува социјалните мрежи.
Изненадувањето брзо се претвори во стоечки овации, а еден од членовите на жирито гласно рече дека никогаш не видел нешто слично на натпревар за убавина.
фото: принтскрин






