Пејачката и глумица Селена Гомез конечно е среќна во љубовта. Откако се омажи за продуцентот Бени Бланко, таа почна да привлекува уште поголемо внимание со својот приватен живот, а заедно со Бени, се обидуваше секогаш да ги информира фановите за своите планови.
Со оглед на тоа што двајцата се многу транспарентни, сега покажаа како изгледа нивниот дом за претстојните празници, а Бени откри и како ја изненадил својата сопруга.
Имено, продуцентот прво го сними првиот дел од изненадувањето. Голема елка со воз што кружи околу неа, но тоа не е сè. Бени потоа ја сними нивната втора елка, украсена со скапи украси, од кои и самата Селена беше воодушевена.
@itsbennyblanco she’s happy
„Таа е среќна“, напиша кратко под објавата.
Набрзо, коментарите почнаа да се слеваат за младиот пар, а сите беа полни со поддршка.
„Среќна сопруга, среќен дом“, „Обожавам да ја гледам среќна“, „Браво, Бени“, Можеш да видиш дека е среќна како дете“, беа некои од коментарите.
Селена Гомез и Бени Бланко почнаа да се забавуваат во 2023 година и се свршија една година подоцна, пред да се венчаат на интимна церемонија во Калифорнија претходно оваа година.






