Кардашијан откриваат кој ги плаќа нивните раскошни божиќни забави

Клое Кардашијан откри кој всушност ги покрива трошоците за раскошната божиќна забава што семејството Кардашијан-Џенер ја организира секоја година. На списокот на гости редовно се наоѓаат големи имиња како Џенифер Лопез и Елон Маск, а Клое потврди дека трошоците за оваа гламурозна вечер се „подеднакво поделени меѓу сите“.

Божиќната традиција ја започнала во 1978 година Крис Џенер, која тогаш била во брак со адвокатот Роберт Кардашијан. Со години, таа самата ја организирала забавата, но како што децата пораснале и списокот на гости се проширил на дури 200 до 300 луѓе, улогата на домаќин почнала да ротира меѓу членовите на семејството.

Минатогодишната прослава наводно се одржала на имотот на Кендал Џенер во Беверли Хилс, вреден 8,5 милиони долари.

„Мислев дека ќе биде многу позабавно, а потоа секој пат еден од вас ќе преземе иницијатива и ќе организира сè“ почна Крис, но Клое ја прекина: „Не сакам да преземам иницијатива. Не сакам толку многу луѓе во мојот дом. Бев толку горда на тебе оваа година затоа што буквално ме спаси.“

Бидејќи некои од домовите не беа достапни, Крис ја предложи куќата на Кендал како алтернатива, што на крајот се покажа како најдобро решение.

Клое, исто така, откри дека семејството одлучува за темата на забавата преку заедничка табла на Pinterest и состаноци со организаторката на настани на познати личности Минди Вајс. Таа, исто така, воведе строго правило: „Не доаѓаат сите и тоа е во ред, но ако не се појавиш, тогаш немаш право на глас. Не можеш да прескокнеш два состанока, а потоа да се појавиш на третиот и да кажеш дека нешто не ти се допаѓа. Одлуките се веќе донесени.“

Со текот на годините, на божиќната забава присуствуваа голем број познати личности, вклучувајќи ги Џенифер Лопез, Алекс Родригез, Парис Хилтон, Илон Маск, Дејв Шапел, Џон Леџенд, па дури и Шон Диди Комбс, пред да биде заплеткан во скандали.

Крис призна дека особено ужива во споделувањето „мали детали“ со гостите, како што се производите SKIMS на нејзината ќерка Ким или текилата 818 на Кендал. „Едноставно ја обожавате бесрамната промоција“, се шали Клое, на што Крис одговори со смеа: „Обожавам да им давам подароци на гостите – тоа е мојот омилен дел“.

Сè укажува дека овогодишната божиќна забава ќе биде малку поинтимна, слична на минатогодишната. Кендал Џенер, која се споменува како можен домаќин, неодамна откри за „Пипл“: „Минатата година имавме мала забава на Бадник и беше навистина прекрасно. Нормално, тоа се големи прослави уште од кога можам да се сетам. Оваа година повторно ќе бидеме помалку и многу сум среќна поради тоа. Ќе биде топло и пријатно.“

Фото: депозитфотос

Scroll to Top