(Видео/Фото) Џенифер Лопез не престанува со секси изданијата

Неоспорната Џенифер Лопез присуствуваше на гала настанот организиран од списанието Vanity Fair и Amazon MGM Studios и успеа да ги засени сите други со својот исклучително женствен и провокативен аутфит.

Оваа успешна жена со право е позната по тоа што е неверојатна и очигледно нема намера да застане, за наша среќа, па овој пат буквално ги остави сите без зборови, во провокативна и елегантна креација која совршено ја придружуваше нејзината женствена фигура.

Латино дивата се одлучи за спектакуларна креација во боја на цреша – носеше вечерен фустан со гол грб кој совршено се „лизгаше“ по нејзините препознатливи облини и ги истакнуваше максимално, а никого не остави рамнодушен во ова издание, дури ни модните критичари.

Фустанот го надополни со отворени чевли, чанта и кратко крзнено палто во иста боја, а деколтето и долниот дел од нејзината фигура беа целосно откриени.

Сепак, Џенифер Лопез совршено добро знае која поза да ја заземе во многу смели изданија како ова, за да не открие премногу, туку доволно.

Scroll to Top