Церемонијата на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во 2026 година заврши, но јавноста на мрежите не престанува да споделува интересни содржини и приказни од таа вечер. Се чини дека дојде редот за водителката на наградите – поп-дивата Џенифер Лопез.
Веќе посветивме многу зборови на нејзината беспрекорна креација Jean-Louis Scherrer Haute Couture од колекцијата 2023 година. Самиот фустан беше направен од транспарентен материјал, но и декоративни форми што ги покриваа нејзините интимни делови од телото.
Сепак, кога впечатоците од доделувањето на наградите се смирија и кога јавноста на мрежите доби можност подетално да ги погледне фотографиите и видеата од настанот, виде нешто неочекувано, или поточно, грешка во шминкерскиот изглед на познатата Џеј Ло.
Во видеото објавено од Vogue, беа забележливи погрешните контури на нејзиното лице – пределот околу очите беше значително посветол од остатокот од лицето.
@voguemagazine #jlo proves less is more at the 2026 #goldenglobes ♬ original sound – unknown – sachie ୨ৎ
Многумина го обвинија шминкерот на Џенифер за овој пропуст и истакнаа дека ова не требало да се случи.
„Кој заборавил да ја изедначи шминката?“, „Нејзиниот шминкер ја сака колку и ние“, „Нема блендирање? Не треба ли шминката да одговара на нејзиниот стил?“, се само дел од коментарите…






