Меган Трејнор (32) објасни зошто нејзиното трето дете е родено од сурогат мајка

Пејачката Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дарил Сабара го пречекаа своето трето дете, ќерка родена преку сурогат мајка. 32-годишната музичарка објави на Инстаграм дека нивната ќерка, Мајки Мун, е родена на 18 јануари и ѝ се заблагодари на „неверојатната супержена“.

„Засекогаш сме благодарни на сите лекари, медицински сестри и тимови кои го овозможија овој сон“, напиша Трејнор во објавата. Таа рече дека имале „безброј разговори со лекари“ и дека сурогат мајчинството е „најбезбедниот начин“ да продолжат да го прошируваат своето семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Trainor (@meghantrainor)

„Толку сме среќни и вљубени во ова драгоцено девојче. Рајли и Бери беа толку возбудени што дури и го избраа нејзиното средно име“, додаде пејачката. „Сега ќе уживаме со семејството, ве сакаме сите.“

Објавата вклучуваше серија фотографии од новороденчето.

Иако објавата доби многу честитки, таа се соочи и со неочекувани критики. Едно лице на X напиша: „Овие фотографии од кожа на кожа се толку лажни. Ако не сте го носеле бебето, тоа не е вашето бебе. Жал ми е, но не можете да ме убедите во спротивното.“

Други ја критикуваа практиката на сурогат мајчинство меѓу богатите. „Едноставно има нешто толку зафркнато во тоа како богатите луѓе (бидејќи всушност е достапно само за нив) можат да ги изнајмуваат телата на луѓе од средната и пониската класа“, напиша еден од корнисниците на X.

Многумина застанаа во одбрана на пејачката и нејзиното семејство. „Каква одвратна работа да се каже. Бебињата имаат корист од контакт кожа на кожа без разлика кој ги родил. Фокусирајте се помалку на тоа да бидете толку омразени кон другите“, одговори еден корисник.

 

фото/депозитфотос

Scroll to Top