Една од најпознати српски манекенки, Данијела Димитровска, го кажа своето судбоносно „да“ по втор пат.
Таа се омажи за поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ, со кого е во врска повеќе од две години, а кој ја запроси во мај 2025 година.
Венчавката се одржа во тајност и во кругот на нејзиното најблиско семејство, во црква надвор од Белград, а како што пишуваат српските медиуми во текот на годинава ќе следи голема церемонија и прослава, на која ќе бидат поканети сите нивни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство.
„Моето засекогаш да. 27.01.2026. Тивко, во тесен круг. Наскоро сите ќе славиме заедно“, напиша Данијела на Инстаграм со видео од венчавката, каде што покажа и што носела на овој посебен ден.
Данијела и Јеврем влегоа во врска откако ТВ-водителката и модел се разведе од водителот Огњен Амиџиќ, со кого има син, Матија, и кој пред неколку дена доби второ дете со неговата сегашна сопруга Мина Наумовиќ.






