Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со својот син: напиша само еден збор

Српската пејачка Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со својот син Богдан.

Седум дена по породувањето, Милица Тодоровиќ забележа емотивен момент додека нејзиниот син ја држи за прст, а објавата ја придружи со песната „Наша љубов“ од групата Луна.

– Богдан – напиша Милица Тодоровиќ и додаде емотикон во форма на сино срце.

Таа стави забрана за коментирање на нејзините објави, односно само одбрани луѓе можат да оставаат коментари.

Scroll to Top