„Не ги осудувајте жените кои сакаат помлади мажи – тоа е нормално“

Актерката Сиена Милер (44) не сака да молчи. Таа отсекогаш била позната по тоа што го искажува своето мислење без оглед на последиците, па затоа сега одлучила да ги поддржи сите оние жени кои се соочуваат со критики за врските со помлади мажи.

Како што самата истакна, сосема е нормално мажот да биде постар од жената, додека ако е обратно, ќе наидете на осуда и навреди. Сиена моментално го очекува своето второ дете со својот партнер, кој е 15 години помлад од неа.

„Се сеќавам кога имав 21 година, се пријавив на аудиција за улогата на љубовен партнер за маж кој имаше 45 години. Работите се подобрија од тогаш, но идејата за постара жена со помлад маж е сè уште фетишизирана, наместо нормализирана“, изјави таа во интервју за списанието „Грација“.

Многумина ја сметаат оваа изјава на Сиена за еден вид оправдување за фактот дека нејзиниот партнер Оли Грин е многу помлад од неа, но актерката претходно откри дека првично воопшто не планирала врска со него, но Оли бил премногу упорен.

„Сè уште постои нерамнотежа што би сакала да ја видам исчезната. Иако, денес, стареењето на жената се слави на малку поинаков начин. Во минатото, веќе бевте отпишани на 30 години, а денес тоа не е случај“, додаде Сиена.

Scroll to Top