Актерката Кејт Хадсон се појави на овогодинешните доделувања на наградите SAG во величествена облека, а накитот што го носеше раскажува посебна приказна. Станува збор за скапи парчиња со повеќе од 20 карати дијаманти, специјално изработени за неа и за оваа празнична пригода.
@gma Kate Hudson swishes her cape at the 2206 Actor Awards #sagawards #actorawards ♬ original sound – Good Morning America
Холивудската ѕвезда носеше накит од дизајнерката Емили П. Вилер, а гламурозното издание беше избрано за вечерта во која беше номинирана во категоријата најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Song Song Blue“. Бидејќи темата на вечерта беше „Реинтерпретација на холивудскиот гламур од 20-тите и 30-тите години“, Кејт носеше прикладен, елегантен фустан од модната куќа Валентино во кој изгледаше како принцеза.
@entertainmenttonight When your brother is seated right behind you… 😂 Kate Hudson tells her 'I Am Actor' story and Oliver Hudson couldn't hide his reactions. #ActorAwards #katehudson ♬ original sound – Entertainment Tonight
Носеше „комплет висок накит вреден половина милион долари“, кој совршено ја надополнуваше празничната креација.
„Знаевме дека за толку важен момент на црвениот тепих, накитот мора да биде на исто ниво“, рече дизајнерката, чиј накит на Кејт Хадсон беше во форма на ѓердан, коктел прстен и обетки.
Прекрасната креација се состоеше од шампањ фустан со прорез под градите, па горниот дел е во форма на топ со прерамки, а долниот дел продолжува од половината и грациозно паѓа сè до подот.
Посебен детаљ е наборот на половината, како и наметката што паѓа од рамената, што актерката совршено знаеше како да го истакне додека позираше на црвениот тепих.






