(Видео) Здравко Чолиќ објави нова песна „Не дај да остарим сам“

Здравко Чолиќ објави нов сингл наречен „Не дај да остарим сам“.

Музиката и текстот за песната, која зборува за љубовта, преиспитувањето и стравот од губење на блискоста, се на кантавторката Маја Сар. Ова е нивна трета соработка, по успешните песни „Зар се нисмо схватили“ и „Прије него те изгубим“.

Песната е придружена со видео во режија на Горан Ковачиќ. Спотот е снимен во Венеција.

По објавувањето на синглот, Чолиќ продолжува со своите концертни активности. Во текот на март и април, тој ќе одржи дури пет распродадени концерти со симфонискиот оркестар во сараевската Зетра. Хрватската публика ќе има можност да го чуе на 20 јуни во Славонски Брод.

Scroll to Top