Поранешната членка на „Hurricane“ е трудна: „Бременоста нè изненади“

Српската пејачка Ксенија Кнежевиќ, позната и како поранешна членка на групата „Hurricane“, потврди дека е бремена, а веста ја објавија српските медиуми. Ксенија Кнежевиќ се огласи и откри дека е во петтиот месец од бременоста.

„Ви благодарам многу, се чувствувам одлично. Дознавме дека сме бремени. Јас и мојот партнер сме среќни. Еве нè, ​​веќе во петтиот месец. Не го криевме тоа, само не зборувавме за тоа што се случуваше“, изјави Ксенија Кнежевиќ за српски „Блиц“.

„Немав никакви мачнини, морам да кажам. Се справувам со бременоста многу добро“, рече идната мајка.

Нејзиниот партнер, Никола Тодоровиќ е архитект и успешен претприемач.

Ксенија и Никола се верија на Санторини, и иако планираа свадба во мај оваа година, во моментов сè одложија поради бременоста. Иако Ксенија отсекогаш привлекувала внимание од јавноста, нејзиниот партнер Никола Тодоровиќ вешто ги избегнува медиумите.

Scroll to Top