Кромберг & Шуберт ја потврди позицијата: Најпосакуван работодавач во Македонија

На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание „Најпосакуван работодавач за 2026 година“.

Оваа награда е резултат на најголемото независноистражување спроведено на национално ниво од страна на Vrabotuvanje.com.mk, каде што илјадници граѓани и потенцијални кандидати за работа ја оценија компанијатакако лидер во однос на стабилноста, условите за работа и грижата за вработените.

„Ова признание не е само награда за менаџментот, туку е потврда за силата на нашиот тим кој брои над 8.500 луѓево фабриките во Битола и Скопје. Да се биде најпосакуванработодавач за 2026 година значи дека успеваме да гиисполниме очекувањата на нашите вработени, обезбедувајќи им не само работа, туку и сигурност и кариерен пат кој се темели на европски вредности,“изјавуваат од менаџментот на компанијата.

Причините поради кои Кромберг & Шуберт континуираносе наоѓа на врвот на оваа листа се стратешкитеинвестиции во „Employer Branding“, постојанотоподобрување на работната средина, како и воведувањетона иновативни бенефиции за вработените. Компанијатаостанува клучниот столб на македонската економија и најголем извозник, истовремено одржувајќи го фокусотврз својот најважен капитал – луѓето.

Настанот на Vrabotuvanje.com.mk, кој веќе традиционалноги обединува најуспешните компании во државата, уштееднаш покажа дека брендот на работодавачот е клучниотфактор за успех во современиот бизнис свет.

За Кромберг & Шуберт, оваа награда за 2026 година е мотив плус да продолжи со својата визија: градење наиднина каде секој вработен се чувствува вреднуван, инспириран и дел од глобален успех.

Scroll to Top