Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, на денешниот празник Голем Петок – Источен Петок Балаклија, истакна дека општината останува посветена на унапредување на меѓународните партнерства и локалниот развој.

Во рамки на официјалните активности, Општина Прилеп ја пречека амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, како и почесниот конзул Љубош Јакаб, заедно со претставници од Собранието на Република Македонија. На средбата се разговарало за тековните проекти, идните планови и можностите за продлабочување на соработката.

Проданоски нагласи дека посебен акцент бил ставен на природните богатства, културното наследство и значајните манифестации по кои Прилеп е препознатлив, истакнувајќи ја важноста на меѓународната поддршка и партнерство.
Во рамки на посетата, делегацијата го посети манастирот „Свети Архангел Михаил“ во населбата Варош, Завод и Музеј Прилеп, како и компанијата „Витаминка“, која е еден од најпознатите македонски брендови и присутна на словачкиот пазар.

Проданоски порача дека општината останува посветена на економскиот и културниот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.






