Агнеса отвора ново поглавје во својата кариера и официјално влегува во светот на модата со лансирањето на својата прва колекција наречена „ОА“. По успехот на малите екрани и дигиталните платформи, каде нејзиниот подкаст бележи голема гледаност, Агнеса сега реши својот креативен израз да го преточи во моден дизајн и естетика.
Новата колекција, која официјално започнува од денес, ќе биде претставувана постепено, модел по модел. Според Агнеса, ваквиот концепт е внимателно осмислен за секое парче облека да добие сопствено внимание и посебна приказна.

„Колекцијата ‘ОА’ ќе биде претставувана постепено, парче по парче. Секој модел заслужува свој момент и сопствена приказна, наместо да биде само дел од толпата“, изјави таа.
Зад целиот моден проект стои креативна соработка помеѓу Агнеса и дизајнерот Дарио Дончевски. Додека Агнеса го носи концептот, стилот и визуелната естетика, Дончевски е задолжен за техничката изработка и дизајнерската реализација на моделите.

Колекцијата ќе се изработува по порачка, а рокот за изработка, во зависност од моделот, ќе биде до пет дена. Дополнително, клиентите ќе имаат можност да побараат мали измени и персонализирани детали, со што секое парче ќе може да добие индивидуален печат.

Агнеса потенцира дека целта е модата да биде впечатлива, женствена и достапна за поширок круг жени, поради што цените ќе бидат прилагодени и достапни.
Во првата фаза, фокусот ќе биде ставен на облека, но таа најавува дека во иднина ќе следуваат и нови модни изненадувања кои дополнително ќе ја прошират приказната на брендот „ОА“.
Дополнителен впечаток остава и фактот што токму Агнеса е заштитно лице и модел на сопствената колекција, претставувајќи ја визијата за модерна, самоуверена и женствена жена која сама го креира својот стил и идентитет.
Со „ОА“, Агнеса испраќа порака дека модата не е само облека, туку начин на изразување, став и лична приказна преточена во дизајн.






