Експертите предупредуваат дека неправилното приготвување и чување на чајот може да претставува ризик за здравјето, иако овој пијалак важи за еден од најконсумираните и најздрави напитоци во светот.
Според информациите објавени од AGRONEWS, чајот како природен производ може да содржи опасни микроорганизми, меѓу кои и салмонела, доколку не се подготвува правилно.
Експертите препорачуваат лисјата од чај да се прелеваат и да стојат во врела вода најмалку пет минути, со цел да се намали ризикот од внесување штетни бактерии во организмот.
Предупредуваат и дека чајот кој стои подолг временски период може да стане небезбеден за консумирање. Во такви случаи, пијалакот не само што ги губи своите корисни својства, туку може и негативно да влијае врз организмот.
Според експертите од Роспотребнадзор, здравствени придобивки може да има само свежо подготвен и правилно чуван чај.
Тие советуваат граѓаните внимателно да ја проверуваат амбалажата при купување, која треба да биде неоштетена, добро затворена и со јасно означени податоци за производот.
Експертите потенцираат дека иако чајот се смета за безбеден и природен напиток, начинот на подготовка и чување игра клучна улога за неговата безбедност и квалитет.






