Не се јајцата и сланината: Овие намирници најмногу го покачуваат холестеролот, а многумина не се свесни за тоа

Иако многумина веруваат дека јајцата, сланината и масната храна се главните виновници за покачениот холестерол, експертите предупредуваат дека вистинскиот проблем често се крие во прекумерниот внес на шеќер и рафинирани јаглехидрати.

Според докторот Ненадиќ, кој се усовршувал на Универзитетската клиника во Лудвигсхафен, Германија, замастениот црн дроб во многу случаи не е последица на мрсната храна, туку на прекумерна консумација на шеќери и индустриски преработени производи.

„Проблемот со замастен црн дроб не настанува од масна храна. Тоа е една од најголемите заблуди. Црниот дроб вишокот шеќер го претвора и го пренесува во масно ткиво. Колинот, односно витаминот Б4 кој се наоѓа во јајцата, сланината и месото, помага во распределба на холестеролот и спречува негово задржување во црниот дроб“, објаснува Ненадиќ.

Тој предупредува дека целосното исфрлање на мастите од исхраната, поради страв од холестерол, може дополнително да ја влоши состојбата на црниот дроб. Кога организмот внесува премногу слатки, бело брашно и ултрапреработена храна, црниот дроб почнува да складира вишок енергија во форма на масти.

Експертите посочуваат дека неалкохолниот замастен црн дроб долго време може да помине без јасни симптоми, но сепак може да се појават одредени знаци како промени на кожата, чешање, зголемена појава на првут или кршливи нокти.

Ненадиќ нагласува и дека холестеролот не е непријател на организмот, туку неопходна супстанца за создавање хормони и клеточни мембрани. Проблемот, според него, настанува кога има зголемено ниво на LDL, односно таканаречениот „лош“ холестерол.

„Клучот за добро здравје не е целосно исфрлање на мастите, туку рамнотежа и квалитетна исхрана“, вели тој.

За подобро здравје на црниот дроб, препорачува внесување доволно вода, повеќе растителни влакна и намирници кои ја поттикнуваат функцијата на црниот дроб, како брусница, глуварче и корен од чичок.

Scroll to Top