Брисел – Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, учествуваше на сесијата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC) при Европскиот комитет на регионите, која се одржува во Брисел.
На форумот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите-членки на Европската Унија, како и од државите кандидати за членство. Целта на сесијата е размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините и отворање дискусии за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција.
Меџити истакна дека членството во Европската Унија останува стратешки приоритет на Македонија и нагласи дека локалната самоуправа има суштинска улога во евроинтегративниот процес.
„Општините се директни партнери во спроведувањето на реформите и усогласувањето на локалните стандарди со европските. Токму затоа, нивната улога е од клучно значење за приближувањето на нашата држава кон европското семејство“, порача Меџити.
Тој додаде дека дискусиите на сесијата биле насочени кон патот кон членство во ЕУ, продолжување на реформските процеси и натамошно зајакнување на локалната власт како важна алка во исполнувањето на европската агенда на државата.






