Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека општината продолжува со инвестиции во нови паркови, зеленило и уредени јавни простори во сите населби на Чаир.
Според него, дел од оваа трансформација е и паркот „Ринија“ во населбата Топана, кој доби нов изглед и содржини за граѓаните.
„За секоја населба во Чаир создаваме нови паркови, повеќе зеленило и простори со убав изглед. И паркот ‘Ринија’ во Топана стана дел од оваа промена. Денес имаме зелена и пријатна средина каде што граѓаните можат да поминуваат повеќе време, децата слободно да играат, а населбата да добие поубав лик“, порача Меџити.
Тој нагласи дека подобрувањето на јавните површини останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел подигнување на квалитетот на животот на жителите и создавање похумана урбана средина во сите делови на Чаир.






