Мадона го украде шоуто на Париската недела на модата, но сите зборуваат за едно модно промашување

Париската недела на машка мода традиционално ги собира најголемите имиња од светот на модата и шоу-бизнисот, но оваа година најголемо внимание привлече легендарната поп-ѕвезда Мадона.

67-годишната музичка икона се појави на ревијата на модната куќа „Ив Сен Лоран“, каде што уште еднаш покажа дека не се плаши од смели модни избори. Таа носеше впечатлив црвен мини-фустан од чипка со долги ракави, кој совршено ја истакна нејзината витка фигура. Комбинацијата ја надополни со големи црни очила за сонце и розови чевли со високи потпетици.

Додека многумина го пофалија нејзиниот изглед и самодоверба, токму обувките станаа главна тема на коментарите на социјалните мрежи. Розовите потпетици со црн декоративен мотив на предниот дел, според бројни модни познавачи и фанови, воопшто не се вклопувале со останатиот стајлинг.

„Фустанот е фантастичен, но чевлите целосно ја расипаа комбинацијата“, „Ова е редок моден кикс за Мадона“, беа само дел од реакциите што се појавија на интернет.

Поп-иконата ревијата ја следеше од првиот ред, каде што беше во друштво на бројни познати личности. Меѓу гостите беа Чарли XCX, Кејт Мос, Рами Малек и Остин Батлер.

Особено внимание привлече средбата на Мадона со британската музичка ѕвезда Чарли XCX. Двете уметници топло се прегрнаа, разговараа и позираа за фотографите, а нивните фотографии брзо станаа вирални на социјалните мрежи. Во еден момент беа фотографирани како опуштено позираат со запалени цигари, што дополнително го привлече вниманието на јавноста.

Чарли XCX за оваа пригода избра тесен кожен фустан во црвени нијанси, кој одлично се вклопи во гламурозната атмосфера на вечерта.

И покрај критиките за изборот на обувките, Мадона уште еднаш потврди дека знае како да биде во центарот на вниманието. Со својата појава повторно ги засени бројните гости и докажа дека и по повеќе од четири децении кариера останува една од највлијателните модни и музички икони во светот.

Сепак, овој пат модните критичари се согласуваат во едно – нејзиниот стајлинг беше впечатлив, но розовите потпетици беа деталот што предизвика најмногу поделени мислења.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Scroll to Top