Николоски: Охридскиот Регион бара координирана акција и партнерство со Албанија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа на заштитата и одржливиот развој на природното и културното наследство.

Како што посочи Николоски, посебен акцент бил ставен на потребата од силна прекугранична соработка со Албанија за заштита на Охридското Езеро и Охридскиот Регион.

„Природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме“, истакнал Николоски.

На средбата било разговарано и за развојот на Охридскиот Регион, кој ги опфаќа општините Охрид, Струга и Дебрца во Македонија, како и Поградец во Албанија. Заедничката определба, според Николоски, е да се зачува автентичноста на регионот, а истовремено да се обезбеди одржлив развој во интерес на граѓаните и идните генерации.

Тој нагласил дека сите учесници се согласиле оти Охридскиот Регион има исклучителна универзална вредност и претставува богатство не само за Македонија, туку и за целото човештво.

Scroll to Top